60
Најмалку две лица загинаа, а пет лица се ранети во напад со нож што се случи денеска во патнички воз кој сообраќал на релација од северниот германски пристанишен град Кил до Хамбург.
Министерката за внатрешни работи на северната германска покраина Шлезвиг Холштајн, Сабине Сатерлин-Вак, ја потврди веста за нападот и дека две лица загинале во возот во близина на Брокштет.
Осомничениот напаѓач полицијата го уапсила на железничката станица во градот Брокштет.
– Мотивите на нападот на патниците во возот не се веднаш познати, а поради инцидентот е запрен и железничкиот сообраќај – соопшти германската полиција.
