Директорот на Дијанет, Али Ербаш, денеска најави покренување правна постапка против Шведска, откако земјата му дозволи на екстремно десничарски политичар да го запали Куранот. Ова им наштети на милиони муслимани ширум светот.

Тој најави дека во среда ќе се одржи состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), од каде ќе се обидат да испратат заедничка реакција против овој чин. Тој додаде дека исламофобијата се случува се почесто во форма на напади врз џамии. После тоа доаѓаат нападите врз Куранот.