Првата 3Д-печатена џамија во светот ќе биде изградена од Одделот за исламски прашања и добротворни активности во Дубаи (IACAD) во Обединетите Арапски Емирати.
Џамијата од 2.000 квадратни метри, која се очекува да пречека до 600 верници во 2025 година, ќе биде изградена во Бур Дубаи, една од најстарите населби во Арапските Емирати, стои во соопштението за печатот на IACAD минатата недела.
Структурата на зградата ќе биде 3Д печатена за околу четири месеци, а ќе бидат потребни дополнителни 12 месеци за целосно да се опреми со потребните удобности, според IACAD. Со 3D роботскиот печатач, кој може да печати два квадратни метри на час, ќе управуваат три лица.
:quality(70)/cloudfront-eu-central-1.images.arcpublishing.com/thenational/STQETA5HCVASTNBBTP2JRJWFZM.jpg)
Џамијата ќе биде изградена со употреба на мешавина од сирови градежни елементи и прецизно подготвен бетон. Ал Шајбани, директор на инженерската филијала на IACAD, тврди дека 3Д-конструктивната технологија ќе ја зголеми одржливоста.
3D печатењето ќе го намали отпадот од градежни материјали. Тоа е еколошки. Според него, џамијата ја претставува визијата на нивното паметно раководство.









