Јорданскиот крал Абдула го прими во вторникот во Аман израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува јорданската агенција Петра.
Кралот Абдула ја истакна важноста од почитување на историската и правната статус кво во џамијата Ал Акса/Ал Харам Ал Шариф.
– Неговото височество ја истакна потребата да се зачува смиреноста и да се запрат сите акти на насилство, со цел да се отвори патот за политички хоризонт за мировниот процес, повикувајќи на крај на сите мерки кои можат да ги поткопаат изгледите за мир – вели Петра.
Кралот ја потврди цврстата позиција на Јордан за поддршка на решението за две држави, кое гарантира формирање на независна палестинска држава по линијата на 4 јуни 1967 година, со источен Ерусалим како главен град, заедно со Израел во мир и безбедност.
Во разговорите беа опфатени и билатералните врски и потребата палестинскиот народ да има корист од економските и регионалните проекти.
На средбата присуствуваа вицепремиерот и министер за надворешни работи Ајман Сафади, директорот на Канцеларијата на неговото височество Џафар Хасан, директорот на генералното разузнавање генерал-мајор Ахмад Хусни и придружната израелска делегација.
(Vijesti.ba / ФЕНА)









