Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски загина во хеликоптерска несреќа во близина на Киев, соопшти локалната полиција.
Како што пренесува РИА, во хеликоптерот што утрово се урна во близина на Киев се наоѓал министерот Монастрирски, како и неколку службеници на Министерството за внатрешни работи.

Загинаа и неговиот заменик и државниот секретар на споменатото министерство. Има вкупно 16 жртви во трагедијата што рано утринава ја погоди Украина, изјави началникот на полицијата на регионот Киев, Игор Клименко.
Неколку лица кои беа повредени во хеликоптерската несреќа во моментов се во болница. Според Клименко, сите служби за итна помош се на лице место и во тек е истрага.
Да потсетиме, хеликоптер денеска удри во зграда на градинка во Бровари кај Киев.
Зборуваше и Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воено-цивилна администрација на Киев. Според него, децата биле во градинка кога авионот паднал.
„Киевскиот регион. Во градот Брвари хеликоптер паднал во близина на градинка и станбена зграда. Во моментот на трагедијата во градинката имало деца и вработени во установата. Во моментов сите се евакуирани. Има жртви. На местото на несреќата има брза помош, полиција и пожарникари“, рече тој.
На видеата споделени на социјалните мрежи се гледа дека зградата гори и се вели дека објект сличен на хеликоптер се урнал во близина на зградата.










