Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарале за размена на ранети во Украина, создавање центар за гас во Турција и извоз на жито преку Црното Море,…
Кремљ објави во понеделникот.

– Продолжи размената на мислења за ситуацијата околу Украина – соопшти Кремљ и додаде дека прашањето за размена на заробеници меѓу Русија и Украина било отворено по разговорите на комесарите за човекови права од двете земји во Турција минатата недела.

– Владимир Путин го привлече вниманието на деструктивната линија на режимот во Киев, која се потпира на интензивирање на непријателствата со поддршка на западните спонзори, зголемувањето на обемот на пренесено оружје и воена опрема – се вели во соопштението на Кремљ.

Се наведува дека разговарале за извозот на украинско жито од пристаништата на Црното Море и начините за деблокирање на извозот на ѓубрива и храна од Русија. Ердоган и Путин разговарале и за енергијата, објави Кремљ.

– Меѓу приоритетите е соработката во енергетскиот сектор, вклучително и снабдувањето со руски природен гас и создавањето регионален гасен центар во Турција – соопшти Кремљ.

Тие разговараа и за нормализација на турско-сириските односи, се додава во соопштението, пренесува Ројтерс.

(Vijesti.ba / ФЕНА)