Матео Месина Денаро, кој е идентификуван како шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра, уапсен e по повеќе од 30 години хајка.

Како што пишува Гардијан, италијанските карабинери го уапсиle Денаро во главниот град на Сицилија, Палермо. Тој е осомничен дека е водач на озлогласената Коза Ностра.

Тој бil осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година. На истата казна е осуден за учество во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано, во кои во 1993 година загинаа десет лица.

Денаро, наречен „Дијаболик“, важеl за „шеф на газдите“ на сицилијанската мафија по смртта на Бернардо Провенцано во 2016 година и Салваторе Рина во 2017 година.

– Карабинерите на 16 јануари го уапсија бегалецот Матео Месина Денаро во санитарна установа во Палермо, каде што отиде на терапевтско лекување – изјави генералот на италијанската полиција Пасквале Анџелосанто.

Се вели дека Денаро живеел луксузен начин на живот со години во бегство.

Во август 2021 година, телевизијата Раи објави снимка од март 1993 година на која за прв пат се слуша гласот на Денар додека бил сведок на судењето. Неколку дена по тоа судење Денаро избега и оттогаш се води како исчезнат.

Во 2002 година, тој исто така беше осуден во отсуство на доживотен затвор за нарачување на убиството или лично убиство на десетици луѓе.

Гардијан/Фактор