Катарските богаташи на чело на ПСЖ сакаат да го купат Паркот на принцовите, за да го реновираат и да го зголемат капацитетот. Но, тие добија негативен одговор за купувањето, па се заканија дека ќе го напуштат овој стадион доколку не се продава, што според нив е еден од главните услови за извршување на модернизационите работи во вредност од 500 милиони евра.
Стадионот е отворен во 1897 година, а реновиран во 1972 година. Капацитетот е поставен на 48.000 седишта. Насер Ал-Хелаифи отворено изрази желба да го купи стадионот од градот. Тој најави дека ПСЖ ќе се пресели од Паркот на принцовите на сосема нов стадион, доколку не може да биде преземен од париските власти. Тие ја отфрлија можноста за преселба на државниот Стад де Франс. На него играат фудбалски и рагби тимови, се одржуваат концерти и други деловни и културни настани. Трошоците за изнајмување би биле многу повисоки и не постои гаранција дека ќе биде можно да се играат сите натпревари во сезоната, така што изнајмувањето не мора да вреди.
Француските медиуми тврдат дека сопствениците на ПСЖ сега ќе сакаат да изградат нов стадион на периферијата на Париз. Трошоците за изградба би биле во опсег од 500 милиони до една милијарда евра.
(ТБТ)









