Повеќе од 80.000 израелски демонстранти се собраа во Тел Авив за да го изразат своето незадоволство против плановите на новата десничарска коалициска влада за ревизија на судството. Меѓу другото, реформите ќе му олеснат на парламентот да ги поништи одлуките на Врховниот суд. Критичарите стравуваат дека новата влада би можела да го искористи за да го укине тековното судење на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кому му се суди под обвинение за поткуп, измама и нарушување на довербата.
Реформите, исто така, ќе им дадат на политичарите поголемо влијание врз назначувањето на судиите, при што повеќето членови на комисијата за избор доаѓаат од владејачката коалиција.
Демонстрантите ги опишаа промените предложени од премиерот Бенјамин Нетанјаху како напад на демократското владеење. Митинзи се одржани и пред резиденцијата на премиерот во Ерусалим и во северниот град Хаифа, јавуваат локалните медиуми, пренесува Би-Би-Си.
Една група демонстранти се судрила со полицијата додека се обидувала да го блокираат главниот пат, автопатот Ајалон, во Тел Авив.
Критичарите велат дека реформите ќе ја осакатуваат независноста на судството, ќе ја поттикнат корупцијата, ќе ги укинат малцинските права и ќе го одземат кредибилитетот на судскиот систем на Израел. Демонстрантите употребија транспаренти за да и кажат на новата коалиција дека тоа е „срамна влада“.
Меѓу оние кои се против тоа се претседателката на Врховниот суд на Израел, Естер Хајат и државниот обвинител.
Демонстрантите во Тел Авив беа обвиени со израелски знамиња, носеа транспаренти на хебрејски, како и фотографии на Нетанјаху со Х преку устата. Една група млади девојки имаа црвени отпечатоци на устата и на овој начин и порачаа на власта дека нема да молчат.
(ТБТ, медиуми)









