12 ГОДИНИ ОД АРАПСКАТА ПРОЛЕТ: Илјадници повици за смена на претседателот на годишнината од револуцијата

by Administrator

Илјадници демонстранти незадоволни од економската криза во Тунис и се поавторитарното владеење на претседателот Каис Саид протестираа денеска на улиците на главниот град, јавува АП.

Демонстрантите одговорија на повикот на опозициските партии да одбележат 12 години од бунтот во повеќе од 15 арапски земји – т.н. Арапска пролет.

Протестите во Тунис се израз на растечкото незадоволство по минатомесечниот неуспешен прв круг од парламентарните избори на кој излегоа само 11 отсто од гласачите, додека вториот круг ќе се одржи на 29 јануари.

Во последните месеци, Тунижаните се соочуваат со зголемување на цените на храната, недостиг на гориво и основни прехранбени производи како шеќер, растително масло и ориз, според АП.

Граѓаните на денешните протести беа поканети од Фронтот за национален спас, коалиција од пет опозициски партии во која е вклучена и популарната исламистичка опозициска партија Енахда.

(ТБТ)

You may also like