Кристин Ламбрехт одлучи да се повлече од функцијата германска министерка за одбрана, објави во петокот Билд, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.
Според извештајот, Владата веќе разговара за тоа кој би можел да ја замени, но конечната одлука за наследникот допрва треба да се донесе.
На почетокот на неделава, анкетата спроведена од Институтот за нови социјални одговори (ИНСА) покажа дека 64 отсто од испитаниците во Германија сакале министерката да поднесе оставка, додека само 9 отсто го оцениле нејзиниот настап во таа улога како позитивен, пренесува Билд.








