Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со неговиот украински колега, Володимир Зеленски.

Дирекцијата за комуникации на турското претседателство објави дека Ердоган и Зеленски разговарале за коридорот за жито преку Црното Море и за поддршката на Турција за Украина во хуманитарна помош и енергија.

За време на средбата Ердоган изјави дека Турција е подготвена да ја преземе задачата за олеснување и посредување за воспоставување траен мир меѓу Русија и Украина.

Наведувајќи дека продолжуваат напорите на Анкара за размена на затвореници, Ердоган рече дека Турција може да даде дипломатски придонес за забрзување на процесот во нуклеарната централа Запорожје.