Стружани речиси четири месеци шетаат низ темни улици без светилки. Од општината велат дека на овој начин сака да заштеди струја, но граѓаните продолжуваат да плаќаат 184 денари за улично осветлување. Адвокатите поднесоа претставка до општината како надлежен орган, со барање за корекција на цената испратена до домаќинките. Но одговор се уште немаат добиено.

„Ние како канцеларија кон средината на декември 2022 година испративме претставка до ДАП, но по електронска пошта ни беше краток одговор дека тие не се надлежни за оваа работа“, изјави Глигорие Ќатоски-адвокат.

Следен чекор е тужбата против општината во Управниот суд.

Извор:Almakos.com