Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе оствари телефонски разговори со своите колеги од Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, соопшти неговиот портпарол Ибрахим Калин.
Според него, во фокусот на разговорите ќе биде решавањето на украинската криза, пренесува ТАС С.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди за РИА Новости дека рускиот претседател денеска телефонски ќе разговара со Ердоган.
(Vijesti.ba)










