Израелската армија убила 15-годишно палестинско момче во Витлеем на окупираниот Западен Брег.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелската армија го убила младиот Палестинец Адем Ајад со куршуми во градите при рација во Витлеем.

И вчера израелската армија изведе слична рација во Џенин, каде уби двајца и рани осум Палестинци.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации минатиот месец соопшти дека во 2022 година, израелската војска убила најмалку 150 Палестинци на окупираниот Западен Брег. Ова е најголем број на смртни случаи од 2005 година, кога ОН почнаа да водат евиденција.

ОН соопштија дека не може да се бара мирно решение се додека продолжува израелската репресивна окупација.

Анадолија