Најмалку 14 лица загинале во вооружен напад што се случил во затвор во градот Сиудад Хуарез на североистокот на Мексико, меѓу загинатите има десет чувари и четворица затвореници.

Локалните медиуми јавуваат дека во нападот се ранети уште најмалку 13 лица, а за време на инцидентот од затворот избегале 24 затвореници.

Тешко вооружени напаѓачи со оклопни возила утрото пристигнале во затворот и отвориле оган врз чуварите.

Бегство од затворот уследил како што се верува после координиран напад.

Националното обвинителство на социјалните мрежи објави дека ситуацијата во затворот е ставена под контрола по заедничка операција на мексиканската армија, Националната гарда и локалната полиција.

Насилството во Сиудад Хуарез, преку границата од Ел Пасо, Тексас, продолжува со несмалено темпо, со напади на криминални банди кои сакаат да ја преземат контролата врз градот.