Група фудбалери синоќа биле приведени во главниот град на Иран, Техеран, а кои присуствувале на ноќна забава на која се консумирале алкохолни пијалоци.
Според иранската новинска агенција Тасним, некои играчи на еден од водечките фудбалски клубови во Иран присуствувале на ноќна забава во куќа во областа Демавенд во Техеран.
Иранската полиција, која дошла во куќата по поплаки на соседите, ги привела фудбалерите кај кои било констатирано дека консумирале алкохолни пијалоци.
Не се соопштуваат информации за идентитетот на приведените фудбалери, нивниот број и клубот во кој настапуваат.










