Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја укина старосната граница за пензионирање, со што се овозможи веднаш да се пензионираат повеќе од два милиони работници.
Претходно, старосната граница за пензионирање во Турција беше 58 години за жени и 60 години за мажи.
Не се знае колку ќе ја чини државата новиот систем, но Ердоган изјави дека 2,25 милиони луѓе можат веднаш да се пензионираат. Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.
Во изминатите неколку години синдикатите протестираа за минималната старосна граница за пензионирање и бараат работниците да го завршат задолжителниот број на години стаж за да одат во пензија, пренесува Срна.
Аналитичарите сметаат дека овој потег ќе му помогне на Ердоган да постигне многу добри резултати на изборите закажани за јуни.
(Vijesti.ba / NN)










