Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се состана со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот на Црна Гора Ѓукановиќ денеска престојува во работна посета на Република Туркије, каде што допатува на покана на турскиот претседател Ердоган.

Средбата меѓу двајцата претседатели беше затворена за медиумите.