За повеќето луѓе, камперите се возила кои нудат релативно достапен дух на удобност и практичност. Сепак, постојат и модели кои се потпираат на исклучителен луксуз и наликуваат на вистински куќи на тркала, поточно хотели со пет ѕвезди.

Германскиот Volkner Mobil Performance S ги нуди сите традиционални капацитети и простори како спална соба, кујна и бања, а посебната карактеристика е скриена во внатрешноста.

Имено, бело La Ferrari се наоѓа во гаражата на германскиот кампер.

Покрај гаражата, има и простор за два електрични велосипеди, скара на извлекување, маса, столици и складиште за пијалоци или други предмети.

Кујната има индукциона рингла, рерна, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, интегрирана машина за сечење, еспресо машина…

27431583

Цената на камперот со подарок од Маранело е 4,6 милиони евра во продолжение погледнете го видеото: