Турција неуморно работи на поврзување на природниот гас откриен во Црното Море со националната мрежа, изјави денес претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган, ветувајќи дека во понеделник ќе бидат објавени повеќе „добри вести“.
– Работиме деноноќно да го поврземе гасот што го откривме во Црното Море со нашиот национален систем, а во понеделник ќе споделиме нова добра вест со нашата нација – рече Ердоган, обраќајќи им се на насобраните граѓани во градот Ерзурум, каде се одржа свеченото отворање на неколку завршени проекти.
Турскиот претседател потврди дека само во Ерзурум инвестициите во областа на природен гас надминуваат четири милијарди турски лири.
Турција ќе добие уште добри вести по пуштањето во употреба на природниот гас од Црното Море, потврди претседателот Ердоган.
Тој се осврна и на тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија и рече:
– Заедно со Азербејџан ги поставуваме темелите на нова ера во регионот. Работите ќе се забрзаат додека Ерменија ќе се движи во правец на мир и безбедност.









