Катастрофални поплави денес ја погодија Мека во Саудиска Арабија, а обилни врнежи се очекуваат и во Џеда.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат поплавени станбени згради, но и автомобили кои ги носи надојдената матна вода.

Националниот центар за управување со кризи и катастрофи во Мека ги предупреди жителите да не ги напуштаат своите домови доколку не е потребно, пишува „thenationalnews“.

Националниот метеоролошки центар во петокот издаде предупредување за временска прогноза во Мека, кое е во сила денеска до 21 часот.

Обилни врнежи во текот на денот се очекуваат и во Џеда, западно од Мека.