Тројца жители на Кентаки загинаа поради снежна бура, соопшти канцеларијата на градоначалникот.
Тој на прес-конференцијата најпрвин потврдил два смртни случаи, а потоа неговиот портпарол за Си-Ен-Ен изјавил дека бројот на загинати е зголемен на три, пренесува Index.hr.

Две лица загинаа во сообраќајни незгоди, а едно лице најверојатно починало од студ бидејќи бил бездомник.

Во меѓувреме, затворени се бројни патишта.

Во моментов 20.000 домови се без струја.

Објавена снимка од снежната бура во Јужна Дакота

BBC објави нова снимка од снежната бура во Јужна Дакота. Се гледа дека видливоста е многу слаба, а длабок снег ги покрива патиштата и го блокира пристапот до некои згради. Температурите во Јужна Дакота паднаа на рекордно ниско ниво од -27 степени Целзиусови.

„Ова не е како снежен ден кога сте биле дете. Ова е сериозна работа“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Имено, поради силната арктичка зимска бура, ширум Америка беа издадени предупредувања за повеќе од 135 милиони луѓе. Областа што ќе ги почувствува ефектите од зимската бура се протега сè до Флорида и границата меѓу САД и Мексико. Националната метеоролошка служба (NWS) објави дека деновиве во некои делови од земјата можни се температури до -45 степени Целзиусови.

Тие предупредија на големата опасност од смрзнатини кои се јавуваат при намален проток на крв. Недостатокот на топла крв може да доведе до замрзнување и пукање на ткивото, а во некои случаи и ампутација. Метеоролозите велат дека зимската бура би можела да стане „циклонска бомба“.

(Vijesti.ba)