Германската полиција осомничи 42-годишна жена дека во октомври годинава украла повеќе од еден милион евра, користејќи ја работата во компанија за трансфер на пари. За информации за пронаоѓањето се нуди награда од 37.500 евра.

Германската полиција трага по 42-годишна жена која украла повеќе од еден милион евра во реонот на Штутгарт и успеала во тоа злоупотребувајќи ја својата положба како вработена во компанија за транфер на пари.

Осомничената жена е висока 174 сантиметри, сино-зелени очи и руса коса, со уште неколку тетоважи на телото, најмногу на рацете. За информации за наодот се нуди голема награда од 37.500 евра.

Читателка за Fenix-magazin.de опишала дека се работи за жена од поранешна Југославија, а пред големата кражба живеела во Штутгарт и оттогаш и се губи секаква трага.

Наградата е 37.500 евра и е приватно осигурана. Се молат сите кои знаат нешто за 42-годишно осомничената да ја контактира криминалистичката полиција на +4971189905778 – соопшти полицијата во Штутгарт.