Основачот на компанијата Лидл и најбогат Германец Дитер Шварц е вистинска мистерија бидејќи ретко се појавува во јавноста и многу малку се знае за неговиот живот.

Шварц никогаш не давал интервјуа ниту сакал да учествува во јавниот живот. Дури и во неговиот роден град, многу соседи не би го препознале доколку го видат на улица. Бројни германски медиуми се обиделе да дојдат до него или со некој од неговиот круг, но наишле на „ѕидот на тишината“, пренесува El Pais.

Таквата тајност многу потсетува на онаа што околу себе ја чуваше шпанскиот бизнисмен Амансио Ортега, сопственик на бројни брендови, меѓу кои и Зара. Но, Шварц успеа да ја задржи таа тајност и во времето кога имаше експанзија на социјалните мрежи.

Дискрецијата и не е толку ретка појава за германските милијардери, па и сопственикот на конкурентниот синџир Алди е „недостижен“ за медиумите. И тој и неговото семејство. Тајноста на Шварц е „виновна“ за неговиот лик, но и за стравот од киднапирање со кој се соочило основачкото семејство Алди во 1970-тите и 1980-тите, пренесува Mondo.

Сепак, некои информации за сопственикот на Лидл се познати. Роден е во 1939 година во Хајлброн. Неговиот татко се занимавал со продажба на овошје на големо заедно со неговиот партнер, чие презиме било Лидл.

По завршувањето на средното училиште, почнал да работи со својот татко, а во 1973 година семејството Шварц го отвори првиот пазар, по моделот на Алди, кој веќе се раширил низ Германија, нудејќи ниски цени и широк асортиман на производи.

Бидејќи не сакал да го користи своето презиме, бидејќи во превод од германски значи „црно“ и може да се поврзе со црниот пазар, решил да го користи презимето на партнерката на неговиот татко, кратко и едноставно – Лидл.

Четири години по отворањето на првиот маркет, Лидл веќе имаше синџир од 33 продавници. Во 1977 година, Јозеф Шварц почина, а неговиот син Дитер се најде на чело на компанијата. Тој стана извршен директор и го прошири семејниот бизнис надвор од Германија.

Набргу потоа, Шварц ги купи правата за именување на Лидл од неповрзано лице по име Лудвиг Лидл, поранешен учител во училиште, за да избегне правна битка. Денес, неговата империја има 11.200 продавници во 29 земји низ светот.