Турција ќе започне со масовно производство на три системи за противвоздушна одбрана кои се дизајнирани и произведени со домашен капацитет, објави во вторник Дирекцијата за комуникации на земјата, јавува Анадолија.
– Со цел зајакнување на противвоздушната одбрана на нашата земја, донесени се одлуки за ново масовно производство на системите SIPER, HISAR и SUNGUR – се наведува во соопштението на Дирекцијата, по состанокот на Извршниот комитет на Одбранбена индустрија во турскиот главен град Анкара.
На состанокот, со кој во претседателскиот комплекс претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беа донесени одлуки за најмалку 25 различни проекти поврзани со одбраната на Турција.
Проектот Siper го водат турските одбранбени компании Aselsan и Roketsan, како и Советот за научни и технолошки истражувања на Турција (TUBITAK).
Покрај СИПЕР, кој се очекува да биде ривал на рускиот С-400, Турција ги разви и системите за воздушна одбрана Коркут, Сунгур и Хисар.
Извршниот комитет за одбранбена индустрија, исто така, донесе одлука за масовно производство на разни муниции, вклучувајќи ги и торпедото Акја и ракетите Тајфун, Атмача, ТРЛГ-230, Караок, Гокдоган и Боздоган.
– Договорени се и различни проекти за модернизација на нашите Ф-16, нови системи за електронско војување и радарски системи, различни воздушни, копнени и морски платформи, комуникациски и информациски системи, опрема, симулација, логистика и сајбер безбедност – се наведува во изјавата.
Извршниот комитет за одбранбена индустрија посебно ја нагласи потребата за развој на сите видови одбранбена технологија што Турција ги купува од странство со цел „целосно независна одбранбена индустрија“.
Извор:faktor










