Руската армија, која пристигна во Белорусија како дел од создавањето на регионална групација на сили, ќе спроведе тактички воени вежби, објави руското Министерство за одбрана во понеделник на 19 декември.

„Командата ќе даде конечен опис на борбената способност и борбената готовност на единиците во последната фаза на координација – по борбената тактичка вежба“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана, во кое се додава дека руската армија „го продолжува курс на интензивна борбена обука“ на полигоните во Белорусија.

Во ноември, руското Министерство за одбрана извести за обука на тенкови, артилерија, единици за комуникации и електронско војување, инженерски и специјални медицински единици на Западниот воен округ на полигони за обука во Белорусија.

Претходно белоруското Министерство за одбрана објави дека 9.000 руски војници и неколку стотици оклопни возила ќе пристигнат во Белорусија за да се создаде заедничка борбена група.