Со зголемување на капацитетот за складирање на природен гас во Силиври, Истанбул, Турција од денес го има најголемото складиште за гас во Европа.

Денеска во Силиври се одржа програма по повод завршувањето на проектот за зголемување на капацитетот на подземното складиште за гас, каде говореше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Со зголемување на капацитетот, Силиври стана најголемото подземно складиште за гас во Европа – рече Ердоган.
Тој нагласи дека Турција денес со енергетските услуги што им ги дава на своите граѓани и индустријата е 17-та земја во светот по количината на снабдување.

– Влегуваме во нова ера во која ќе ја доведеме нашата земја на врвот со жнеење на плодовите од напорите што ги вложивме во последните 20 години – рече Ердоган и додаде:
– Нашата цел е што поскоро да ја трансформираме нашата земја во глобален центар каде што ќе се утврдува референтната цена на природниот гас. Ја поставивме нашата енергетска визија да ја намалиме нашата надворешна зависност од примарните ресурси од 71 отсто на 13 отсто до 2053 година.
По зголемувањето на капацитетот, складиштето ќе може да задоволува приближно осум отсто од годишните потреби на Турција за природен гас.

Потребите од електрична енергија на објектот ќе ги задоволува ветерна турбина со инсталирана моќност од 4,2 мегавати. Капацитетот за складирање се зголеми од 3,2 милијарди на 4,6 милијарди кубни метри.
Дневниот повратен производствен капацитет се зголеми од 28 милиони на 75 милиони кубни метри.
Анадолија









