Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека ќе се обиде да воспостави целосни дипломатски односи со Саудиска Арабија „штом ќе ја преземам функцијата“. „Мислам дека можеме да ставиме крај на арапско-израелскиот конфликт и да постигнеме мир со Палестинците, само треба да бидеме креативни во врска со тоа“, рече Нетанјаху во интервју за ТВ Ал Арабија, во сопственост на Саудиска Арабија. Тој, исто така, го опиша овој потег како „квантен скок за севкупен мир меѓу Израел и арапскиот свет“, велејќи дека тоа ќе го промени регионот „на начини кои се незамисливи“.
Саудиските власти веднаш не ги коментираа изјавите на Нетанјаху. Саудиска Арабија нема дипломатски односи со Израел и се противи на нормализирање на односите со Тел Авив се додека не заврши повеќедецениската израелска окупација на палестинските територии. Сепак, Ријад дозволи неговиот воздушен простор да го користат Израел, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Овие две арапски земји воспоставија дипломатски врски со Израел во септември 2020 година. Меѓутоа, она што ги поврзува Израел и Саудиска Арабија е партнерството со САД, но и заедничкиот непријател – Иран. Рокот на Нетанјаху да формира израелска влада истекува на 21 декември.









