Борбен авион „Еурофајтер Тајфун“, кој припаѓа на италијанското воено воздухопловство, се урна во морето на западот на Сицилија.
Локалните медиуми јавија дека е изгубен контактот со борбениот авион кој попладнево се враќал во својата база на аеродромот Трапани Бирги на Сицилија.
Тие пренесоа дека авионот се урнал во морето осум милји југоисточно од воздухопловната база и дека веднаш биле започнати операции за пребарување и спасување.
Се уште постои надеж дека пилотот бил спасен од авионот благодарение на катапултното седиште. Во Италија, во 2017 година, Еурофајтер Тајфун на италијанските воздухопловни сили се урна во морето кај Терасина.
Анадолија










