Советот за општи работи на Европската Унија (ЕУ) одобри кандидатски статус за Босна и Херцеговина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министрите одговорни за европски прашања, на состанокот што е во тек, донесоа заклучоци во кои се наведува „дека се препорачува Босна и Херцеговина да добие статус на земја кандидат со потврда од Европскиот совет“.
Оваа одлука премиерите на земјите членки на Европската Унија треба да ја потврдат на состанокот закажан за четврток, 15 декември, 2022 година.
Босна и Херцеговина аплицираше за членство во Европската Унија во 2016 година.









