Турција откри 150 милиони барели нето резерви на нафта на планината Габар на југоистокот на земјата, во вредност од 12 милијарди долари, објави во понеделникот претседателот Реџеп Таип Ердоган. – На планината Габар откривме 150 милиони барели нето резерви на нафта.
Тоа е едно од 10-те најголеми откритија на копно во 2022 година. Вредноста на резервите е приближно 12 милијарди долари – изјави Ердоган по владиниот состанок во главниот град Анкара. Анкара има за цел да го зголеми дневното производство, со повеќе сеизмички истражувања, повеќе дупчење и методи за зголемување на продуктивноста, додаде Ердоган.









