Беспилотно летало на командата на турските поморски сили ја снимило грчката крајбрежна стража како турка нерегуларни мигранти во турските територијални води со брод на 4 декември во Егејското Море.

Во соопштението од Министерството за одбрана на Турција, се наведува дека беспилотно летало го снимило моментот на туркање на брод со нерегуларни мигранти во турските територијални води.

Министерството за одбрана на Турција објави и видео на кое се гледа како грчката крајбрежна стража турка нерегуларни мигранти во турските територијални води.