ТЕПАЧКА ВО ТУРСКОТО СОБРАНИЕ: Пратеник заврши на интензивна нега поради удар во главата

by Administrator

Тепачката избувнала во текот на расправата за државниот буџет за 2023 година.

„Состојбата му се влоши поради удар во главата. Тој беше на реанимација во болницата, а состојбата на 58-годишниот Хусеин Орс од националистичката партија Добра партија е „критична“, изјави за новинарите неговата сопартијка Ајлин Цесур.

На видео снимките во турските медиуми се гледа како Орс, пратеник од Трабзон, на Црното Море е удрен од член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која засега тоа не го коментира.

Расправиите и размената на удари се честа појава за време на тензичните дебати во турскиот парламент.

(ТБТ, вести)

You may also like