Кога Босанско Херцеговачкиот фудбалскиот стручњак од Сараево, Владимир Петковиќ, по седум успешни години ја напушти функцијата селектор на швајцарската фудбалска репрезентација кон средината на 2021 година, а на негово место дојде Мурат Јакин (48) – швајцарската фудбалска ѕвезда.

На задоволство на локалната јавност, Јакин дебитираше како селектор на мечот против Грција во Базел на 1 септември истата година. Еден месец подоцна го исполни ветувањето – ја одведе Швајцарија на Светското првенство во Катар, останувајќи непоразен во квалификациите и со „помош“ на репрезентацијата на Северна Ирска го исфрли европскиот првак Италија.

Во пресрет на натпреварот помеѓу Северна Ирска и Италија, Јакин на Ирците им вети 100 грама најдобро швајцарско чоколадо за секоја минута престој на теренот без примен гол. Така беше – натпреварот во Белфаст заврши без голови по 93 минути во Белфаст. Швајцарија славеше, а Јакин лично спакува 9,3 килограми швајцарска чоколада во неколку пратки и со благодарница ја испрати на адресата на Фудбалскиот сојуз на Северна Ирска.

Така, Швајцарците по 12-ти пат се најдоа на листата на најдобри фудбалски селекции во светот, предводени овојпат од еден од најдобрите швајцарски играчи.

На листата од 32 селектори, кои ги водат своите селекции во Катар, Мурат Јакин е на десеттото место по плата од 1,6 милиони евра годишно, додека под него се белгискиот селектор Роберто Мартинез, шпанскиот стручњак Луис Енрике, Саудиецот селекторот Ерве Ренар како и Србинот Драган Стојковиќ Пикси и хрватскиот селектор Златко Далиќ.

Но, патот до брилијантната репутација на презимето Јакин не беше толку едноставен.

Швајцарија минатиот век беше дом на  околу 70.000 турски граѓани. Меѓу нив беа Емине и Мустафа Јакин. Тие го добија првиот син Мурат на 15 септември 1974 година, а Хакан Јакин се роди две и пол години подоцна. Растејќи се во Минхенштајн, Базел, родителите на Мурат и Хакан често не наоѓаа заеднички јазик на темата за приоритетите на нивните синови – таткото бараше образование, додека мајката ја поддржуваше љубовта на синовите кон фудбалот.

Браќата Јакин почнаа да тренираат во фудбалската академија Конкордија Базел, која набрзо стана еден од врвните швајцарски клубови. Мурат се пресели во ФК Граспер во 1992 година, а три години подоцна Хакан се пресели во Базел. Сигурен стопер познат по својата прецизност, Мурат Јакин ја освои швајцарската титула во 1995 и 1996 година пред да се пресели во Штутгарт следното лето. Наместо тоа, Грасхоперс го донесоа Хакан. Не стануваше збор за замена како: помладиот брат беше сосема поинаков играч, темпераментен напаѓач. Со него ја освоија шампионската титула во 2001 година.

Браќата Јакин суверено владееја со домашните фудбалски стадиони, но и пошироко. Мурат се пресели во Германија и играше во Бундеслигата, а потоа играше за Фенербахче. Во меѓувреме, формата на Хакан ги привлече европските клубови: во летото 2003 година, тој беше купен од Пари Сен Жермен за да го замени Роналдињо, но договорот беше откажан откако лекарскиот преглед откри хернија. Сепак, Хакан замина на две години на позајмица во Галатасарај. По враќањето во Базел во 2001 година, Мурат ја освои наградата за најдобар играч во лигата во 2002 година. Мурат доста рано се прости од фудбалот, на 30-годишна возраст со 49 одиграни натпревари во дресот на швајцарската репрезентација.

Денес, браќата Јакин имаат двојно државјанство – Швајцарско и Турско.

Во 2008 година, на Европското првенство, Хакан постигна гол на мечот против Турција, но не го прослави од почит кон својата земја од која потекнува. На тој натпревар, кој заврши со победа против Турција (2:1), во швајцарската репрезентација настапија уште двајца турски играчи Ерен Дердијок и Ѓокан Инлер, додека швајцарскиот рекордер со 34 репрезентативни голови е најдобар стрелец на Репрезентација на Швајцарија, Кубилај Туркиилмаз, исто така Турчин.

Браќата Јакин се најдоа во ист тим дури во летото 2011 година. Мурат Јакин ја презеде работата во Луцерн каде што стана „газда“ на неговиот брат. Со Мурат на чело на тимот и Хакан, кој го водеше теренот, Луцерн се искачи на врвот во швајцарската лига. Кон крајот на сезоната 2012, Хакан се прости од фудбалот, тогаш играјќи за второлигашот Белинцони, а истата година Мурат го предводеше Луцерн до највисокиот пласман во лигата и го потврди статусот на менаџер.

Во истата година, Базел го отпушти Хеик Вогел и го назначи нивниот поранешен капитен Мурат Јакин за главен тренер. Базел тогаш постигнува уште поголеми резултати, а покани за Мурат Јакин пристигнуваат од Саутемптон и Тотенхем. Мурат Јакин освои две швајцарски титули со Базел во 2013 и 2014 година и го победи Челзи дома и на гости во групната фаза од Лигата на шампионите во 2013/14 година. Потоа на една година го презема Спартак Москва. – Браќата Јакин си го обезбедија угледот на теренот. Мурат и Хакан Јакин се веројатно двајцата најдобри играчи што Швајцарија ги произведе во последните децении. Иако фонетски турското презиме Јакин, во Базел, Цирих и Берн, е синоним за фудбалски легенди, Џејмс Кели пишувал за еден од најголемите спортски списанија, This Football Times.

– Не сум тренер кој игра за нерешено, изјави Мурат Јакин пред натпреварот со Србија.

– Мислам дека сме најдобрата швајцарска репрезентација која некогаш постоела. Имаме фантастични играчи кои играат во странство и уверен сум дека ќе го одиграме најдоброто Светско првенство досега. Имаме одличен тим со одличен тимски дух кој се градеше во последните неколку години. Направивме многу напредок во фудбалот, а сега сакаме да испишеме историја, изјави швајцарскиот селектор.

Пишува: Амина Зорниќ/Balkan News