По неколкумесечните протести организирани од западните агенции во кои беа убиени повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција, пренесува AFP.
„Моралната полиција нема никаква врска со судството и затоа е укината“, изјави главниот ирански обвинител Џафар Монтазери. Покрај тоа, Иран најави дека ќе го ревидира деценискиот закон со кој се бара од жените да ги покриваат главите, бидејќи се бори да ги задуши повеќе од двомесечните протести поради строгиот кодекс на облекување.
Тие го преплавија Иран по смртта на Махса Амини, 22-годишна Иранка со курдско потекло, која беше уапсена од полицијата за морал поради наводно кршење на шеријатскиот закон. Од тепањето починала во притвор, но полицијата никогаш не сакала да признае. Претседателот Ебрахим Раиси вчера изјави дека темелите на иранската република и исламот се запишани во уставот.
„Но, постојат методи за промена на уставот кои можат да бидат флексибилни“, рече тој во телевизиско обраќање. Хиџабот стана задолжителен за сите жени во Иран во 1983 година, четири години по Исламската револуција која ја собори монархијата.
Што претставува моралната полиција?
Покрај дваесет и двегодишната Махса Амини, која беше убиена од иранската полиција за морал, поради неправилно носење хиџаб, на протестите што следеа беше убиена уште една жена, познатата иранска блогерка Хадис Наџафи, а сето тоа поради полиција за морал.
Бројот на жртви продолжи да расте во текот на следните месеци, а некои демонстранти беа осудени на смрт. Моралната полиција, која го носи и името Гашт-е-Ершад, е специјална единица задолжена за спроведување на почитувањето на исламскиот морал и апсење на жени за кои смета дека се „несоодветно“ облечени. Со ова се подразбира дека жените се казнуваат дури и за најмала непочитување на строгиот кодекс на облекување, што беше случај и со Амини, која беше уапсена само затоа што и ѕиркаа прамени од косата под нејзиниот хиџаб.
Припадниците на оваа единица тоа го протолкуваа како непочитување на шеријатскиот закон, кој бара од жените да ја покриваат косата со хиџаб и да носат долга облека што ќе ја маскира нивната фигура. Ова правило е воведено затоа што Иранците, како и повеќето од оние кои живеат во земји кои строго се придржуваат до шеријатот, жените кои не се облекуваат правилно ги провоцираат мажите и ги наведуваат на грев. Интересен факт е дека демонстрантите во Иран никогаш не протестираа против задолжителното носење маски, туку протестираа против шамиите што ја покриваат косата.










