Непознат хакер продава ажурирани броеви на мобилни телефони на речиси 500 милиони корисници на WhatsApp. Cybernews го контактирал продавачот и ја потврди оваа информација.
На 16 ноември, некој објави реклама на форум на заедницата на хакери во која тврди дека продава база на податоци од 2022 година со мобилни броеви на 487 милиони корисници на WhatsApp, тврдејќи дека содржи кориснички податоци од 84 земји.

Продавачот не прецизирал како стигнал до базата на податоци, сугерирајќи дека „користел сопствена стратегија“ за собирање на податоците, а Cybernews добил уверување дека сите броеви во примерот припаѓаат на активни корисници на WhatsApp.
Огромен дел од телефонските броеви им припаѓаат на граѓаните на земјите од МЕНА: Египет (45 милиони), Саудиска Арабија (29 милиони), Турција (20 милиони), како и ОАЕ (7 милиони).

Cybernews побара од продавачот да сподели примерок од податоците со истражувачите на Cybernews. Во комбинираниот примерок имало 1097 броеви на клиенти во Велика Британија и 817 во САД. Истражувачите ги проверија сите броеви вклучени во примерокот и можеа да потврдат дека сите тие се навистина корисници на WhatsApp. Мета, матичната компанија на WhatsApp, сè уште не го даде свој коментар.









