Во заедничка акција на црногорската и албанската полиција денеска уапсени се повеќе лица откако во Лука бар запленета е поголема количина кокаин, а на територијата на Албанија, во близина на Тирана, во тек е претресување на магацин во сопственост на еден од уапсените. .
Според подгорички „Вијести“, дрогата била откриена во јули годинава, откако товарот пристигнал во шлепер во Лука бар. Инспекторите на Секторот за борба против криминалот тогаш во соработка со Вишото државно обвинителство и нивните колеги од Албанија процениле дека пратката ќе ја држат под контрола додека не дојде нарачателот да ја земе, што се случи денеска.
(Vijesti.ba)









