Бил Гејтс промовира пиење на вода од септичка јама

by Administrator

Милијардерот Бил Гејтс на својот профил на Linkedin по повод Светскиот ден на тоалетот во саботата напиша дека еднаш пиел прочистена вода направена од фекална тиња, дури и додека бил гостин на Џими Фалон.

Станува збор за пробна вода од компанијата Гејтс Омнипроцесор, која канализациската вода ја претвора во чиста и вода за пиење. Направив чудни работи низ годините, пиев вода од септичка јама со Џими Фалон, делев бина со стаклена цевка полна со човечки измет и мирисав на тоалет…

Овие лудории ме насмеаа, целта ми беше секогаш да правам луѓето се грижат за проблем кој погодува 3,6 милијарди луѓе, за лошите санитарни услови – рече Гејтс и потоа нагласи: Благодарение на научниците и инженерите од целиот свет, се доближуваме до нови решенија кои ќе ги спречат болестите.

Милијардерот Бил Гејтс на светот му е попознат како поборник за вакцинација и портпарол против климатските промени, во чии проекти вложил големи суми пари.

You may also like