Како што тврдат западните медиуми, но без никакви докази, хакерска група блиска до Кремљ денеска ја нападнала веб-страницата на Европскиот парламент, само неколку часа откако пратениците ја осудија војната во Украина, изјави портпаролот на Парламентот Жом Душ Жило.

Денеска, Европскиот парламент усвои Резолуција со која Русија се идентификува како држава спонзор на тероризмот и се наведува дека воените напади врз цивилни цели се „кршење на меѓународното право“, пренесе Ројтерс.

Еден од авторите на предлогот, европратеникот Владимир Билчик на Твитер изјави дека резолуцијата е усвоена со мнозинство гласови.

– За резолуцијата гласаа вкупно 494 пратеници, против беа 58, а воздржани 44. Парламентот ги повикува членките на ЕУ да развијат правни механизми за да продолжат да ја санкционираат Русија – изјави Билчик.