Властите во Дубаи претставија нов начин за борба против прекумерната телесна тежина, започнувајќи ја кампањата “Твојата тежина во злато”.
За секој килограм телесна тежина кој граѓаните ќе успеат да го симнат, властите ќе ги наградат со по еден грам злато, објавија локалните медиуми во средата.
Оваа кампања е започната за време на месецот рамазан, кој завршува во средината на август. Наградата ќе им биде доделена на сите кои до 16 август ќе ослабат најмалку 2 килограми.

Во текот на муслиманскиот месец на пост, верниците се одрекуваат од храната, пијалаците и пушењето од зорите до залезот на сонцето.
Сепак, по езан, кој го означува крајот на постот, многу се прејадуваат, и покрај сите предупредувања дека е лошо по здравјето.
Сите кои сакаат да се вклучат во оваа програма ќе бидат регистрирани, ќе им биде овозможено да користат ваги во јавните паркови, ќе добијат водич за исхрана и нема да смеат да користат нездрави методи за губење на килограмите.
Тројца учесници кои ќе бидат извлечени во наградната игра на крајот на кампањата ќе освојат награда вредна 20,000 драхми (речиси 5,500 долари).
Имено, многу земји во Голфскиот залив се трудат да го намалат бројот на луѓето со прекумерена телесна тежина.









