97
Израелските окупаторски сили денеска приведоа три палестински деца на возраст од 13 и 14 години во нивните домови во градот Нилин, западно од Рамала, според локални извори.
Тие рекоа дека војниците упаднале во семејните домови на децата, ги пребарале и ги привеле трите деца.
Во меѓувреме, на друго место на Западниот Брег, војниците уапсија четворица млади во градот Абу Дис, источно од Ерусалим, исто така по рација и претрес на нивните семејни домови.
Двајца други Палестинци беа приведени во нивните домови во градот Тулкарм, на северот од Западниот Брег, и уште еден во градот Беит Ава, на југот на Западниот Брег.
M.K./PNIA
