Најмалку 21 лице загина, а неколку се повредени, вчера, кога избувна пожар во зграда во која жителите присуствуваа на забава во Појасот Газа, соопштија здравствените власти.

Извештаите велат дека меѓу загинатите има жени и деца кои биле дел од бегалскиот камп Џабалија. Не е познато колку луѓе се повредени во пожарот.

Екипите на цивилната одбрана успеаја да го стават под контрола пожарот и да спречат да се прошири на соседните згради.

Според првичните информации, пожарот го предизвикал бензин складиран во зградата, но истрагата е во тек.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека министерот за здравство Маи Ал-Каила наредил повредените да бидат префрлени во болниците на Западниот Брег доколку е потребно.

Во изјавата на портпаролот на палестинскиот претседател Набил Абу Руданех, се наведува дека претседателот Махмуд Абас денеска прогласи период на национална жалост.

Џабалија е најголемиот од осумте бегалски кампови во Појасот Газа.