Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека санкциите на Европската унија (ЕУ) против Русија претставуваат „чекор кон војна“.
„Секој кој економски интервенира во воен конфликт зазема став“, рече Орбан во изјава за унгарското радио, интензивирајќи ги критиките за стратегијата на Брисел, која ја смета за „опасна“.
Според него, вака малку по малку се лизгаме во војна.
„Сега се доставува деструктивно оружје, на наша територија (ЕУ) се обучуваат украински војници, се воведуваат енергетски санкции… Стануваме составен дел од конфликтот“, рече Орбан.
„Сè уште не ни пукаат, но на прагот сме да станеме воинствена партија. Европа игра многу опасна игра“, заклучи премиерот на Унгарија.
Орбан редовно ги осудува европските санкции, дури и ако гласал за нив заедно со своите партнери кои ги обвинува за економските неуспеси на Унгарија. Неговата влада постави плакати со фотографија од проектил и натпис „Санкциите од Брисел не уништуваат“.
(Vijesti.ba / Бета)









