Инцидентот со падот на ракетата во источна Полска, при што загинаа 2 лица, ја зголемува веројатноста за избувнување на светска војна, предупреди поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нарекувајќи го инцидентот „украински ракетен напад“, Медведев, кој моментално е на функцијата заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, на Твитер напиша дека Западот ја зголемува веројатноста за светска војна со својата „хибридна војна“ против Русија.
Синоќа полските власти известија дека ракета го погодила селото Пржеводов.
Денеска американски воени претставници истакнаа дека првичните наоди укажуваат на тоа дека ракетата била истрелана од украинските сили кон руска ракета.
Американскиот претседател Џо Бајден ја повтори изјавата, нагласувајќи дека мала е веројатноста, ракетата која падна во Полска, сојузник во НАТО, да била истрелана од Русија.
НАТО за денеска свика вонреден состанок за да дискутира за понатамошните чекори.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите руски напади во Украина вчера биле извршени само на територијата на таа земја, на најмалку 35 километри од полската граница.
Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека постои голема веројатност дека станува збор за ракета на украинската воздушна одбрана.








