Според американските официјални лица, првичните наоди сугерираат дека проектилот што ја погоди Полска бил истрелан од украинските сили кон руска ракета која надоаѓала. Три официјални лица за новинската агенција Асошиетед прес изјавија дека Украинците се обидувале да се одбранат од рускиот оган насочен кон нивната електрична инфраструктура.

Полското Министерство за надворешни работи првично ја опиша ракетата како „руско производство“. „На 15 ноември 2022 година беше во тек уште едно масовно гранатирање на целата територија на Украина и нејзината критична инфраструктура, извршено од вооружените сили на Руската Федерација.

Тоа траеше неколку часа. Во 15 часот и 40 минути во селото Пжевдов , во провинцијата Хрубизов во војводството Лублин паднал проектил од руско производство и усмртил државјанин на Република Полска.Во врска со овој настан министерот за надворешни работи Збигњев Рау го повикал рускиот амбасадор и од него побарал итна и детално објаснување за овој настан“, се вели во соопштението.

Бајден: Малку е веројатно дека проектилот е истрелан од Русија Американскиот претседател Џо Бајден рано утринава изјави дека е „неверојатно“ проектилот што ја погоди Полска да е истрелан од Русија. “Не сакам да кажам ништо дефинитивно додека не се направи целосна истрага.

Сепак, поради траекторијата на ракетите, мала е веројатноста дека биле истрелани од Русија. Но ќе видиме што ќе донесе истрагата. Иако првата Информациите велат дека Русија е вмешана во ова е прелиминарно истражувањето го оспорува тоа“, рече Бајден во обраќањето во живо на Си-Ен-Ен.