Амбасадорите на НАТО ќе се состанат денес на барање на Полска на основа членот 4 од алијансата, изјавија двајца европски дипломати за Ројтерс по експлозијата во Полска во близина на украинската граница, наводно предизвикана од заскитан руски проектил.

Според член 4 од Договорот за основање на алијансата, членките можат да покренат секакво прашање загрижувачко, особено во однос на безбедноста на земјата-членка. Тоа значи дека ќе мора да има состанок на членките на НАТО откако ќе се загрози „територијалниот интегритет, политичката независност и безбедноста“ на една од членките. Еден од дипломатите рече дека алијансата ќе дејствува претпазливо и дека му треба време да потврди како точно се случил инцидентот.