Министерството за одбрана на Руската Федерација се огласи по паѓањето на две ракети и експлозија во Полска, во која загинаа две лица.
Соопштија дека тие не нападнале цели на полско-украинската граница.
– Обвинувањата дека руски ракети паднале на полска територија се намерна провокација.
Намерата е дополнително ескалација на тензиите – се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.
Се додава дека ракетите за кои станува збор не и припаѓаат на Русија. Во соопштението се посочува и дека урнатините што ги објавија полските медиуми од местото на настанот во селото Пржеводов немаат никаква врска со руското оружје.
Две ракети паднаа врз селото Пржеводов во Полска, во близина на границата со Украина, при што загинаа две лица. Некои функционери изјавија дека станува збор за заскитани руски ракети. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки свика итен состанок на високо ниво за да разговара за ова прашање, објави владиниот портпарол Пјотр Мулер, набргу по објавувањето на извештаите за експлозијата.
Фактор/Анадолија










