Два дена после терористичкиот напад во Истанбул, вечерва дошло до нова експлозија во центарот на градот, пренесуваат медиумите.
Имено, експлодирал автомобил-бомба, а експлозијата се случила во областа Фатих во најголемиот турски град. Според првичните информации нема жртви или повредени.
Според медиумите, едно возило експлодирало, а потоа пожарот се проширил на уште најмалку два автомобили паркирани во близина. Сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата во градскиот кварт Фатих, но турската новинска агенција DHA соопшти дека пожарот е изгаснат и најверојатно бил предизвикан од „механички дефект“.
Во текот на викендот, најмалку шест лица загинаа, а над 80 се повредени во експлозија на улицата Истиклал во Истанбул. Турскиот министер за внатрешни работи рече дека инцидентот е терористички напад организиран од ПКК (Работничката партија на Курдистан) и извршен од Сиријка, која е уапсена.
Another terrorist attack reported in Turkey, car bomb… #Turkey #Terroristattack pic.twitter.com/pNKBXfcq4W
— LWNC (@LWNChannel) November 15, 2022










