Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со смртоносната експлозија што се случи во неделата на улицата Истиклал во Истанбул.

Тој рече дека е подготвен да помогне и соработува со Турција во борбата против тероризмот, пишува Анадолија.

Како што соопшти Кремљ, Путин изразил сочувство за трагичниот терористички напад што се случи во Истанбул.

Тој испрати порака за поддршка на семејствата на жртвите.

– На повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја потврдуваме нашата подготвеност да соработуваме што е можно поблиску со нашите турски партнери во борбата против сите форми на тероризам“, рече Путин.

Улицата Истиклал во Истанбул утринава повторно беше отворена за пешаци по смртоносната експлозија во неделата, а граѓаните оставија цвеќе на местото на експлозијата.